Лазаров: Ангола вечерва нема да биде таа од мечот со Словенија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По 12 гола на дебито на Светското првенство против Тунис, капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров алудира на претпазливост и сериозен пристап и на вечершаниот натпревар против Ангола.

„Не е најпријатно да се жалиме после победа, но треба да поправиме некои работи, ако сакаме високи дострели на шампионатот. Во напад одигравме доста добро, но по анализи кои ги правевме, во одбрана повторно имаше дупки, со кои тие лесно доаѓаа до нашиот гол. Неочекувана за мене беше лесната победа на Словенија над Ангола, бидејќи очекував повеќе од Анголците, но тоа е само еден натпревар, а сигурен сум дека вечерва ќе биде поинаков дуел. Нема да ја потцениме Ангола, на добар пат сме и треба да го искористиме она што го имаме, а тоа се бодовите од првиот натпревар”, смета капитенот Лазаров.

Натпреварот почнува во 20.45 часот, а билети по цени од 9 до 34 евра уште можат да се купат на официјалната билетарница пред салата.