Погба објасни зошто не замина во Реал Мадрид или во Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба летото го напушти Јувентус и одлучи да замине во Манчестер Јунајтед.

Погба одлучи да се врати во Јунајтед и покрај интересот од други европски фудбалски великани и тоа за рекордна сума од 105 милиони евра.

Овој фудбалер се поврзуваше и со Реал Мадрид но одби се што не беше од Јунајтед.

„Во Јунајтед дојдов поради предизвикот. Имав понуди од Реал и Барса но Јунајтед е поголем предизвик за мене. Срцето избра така и драго ми е што се вратив во овој тим. Се надевам дека Јунајтед ќе го вратиме на старите патеки“ – изјави Пол Погба.

Погба призна дека на почетокот му било доста тешко, но сега се врати во својата форма.