Египет му пресуди на Бахреин – Унгарија ги врати шансите за наредна фаза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес од 17:45 се одиграа 3 натпревари на СП во Франција.

Еден од натпревари беше помеѓу Египет и Бахреин, а Бахреин се обиде да се врати во игра за наредната фаза, но не успеаа затоа што Египет беше подобар со 31:29.

Натпреварот започна со неизвесност, но како поминуваше времето беше јасно кој е поквалитетен противник, па Египет стигна до предност која ја одржуваше и на полувремето заминаа со 17:15.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на Египет, а во еден момент тие имаа предност и од 6 голови предност, но на крајот Бахреин успеа да ја намали.

Египет успеа да победи со 31:29, а најдобар стрелец во нивни редови беше Ел Дера со 6 постигнати голови, а во тимот на Бахреин најдобар беше Саад со 6 постигнати голови.

Во вториот натпревар кој се играше помеѓу Унгарија и Чиле подобар беше тимот на Унгарија и со тоа успеа да си ги врати шансите за пласман во наредната фаза.

Унгарците одлично го започнаа натпреварот, а останаа на тоа ниво во текот на целиот натпревар и на полувремето заминаа со 17:14.

До крајот на натпреварот Унгарија ја одржува разликата и на крајот успеа да победи со 34:29 и да ги задржи шансите за пласман понатаму.

Најдобар стрелец беше Фојтман со 9 постигнати голови.