„Головите не се важни“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Челси, Еден Азар призна дека головите не му се најважен дел од играта.

Белгиецот разочара минатата сезона, но Конте го препороди тимот оваа сезона и на 20 натпревари Азар постигна 9 голови.

„За мене дефиниција на фудбалот е ова: Излези и уживај на теренот. Ако постигнам гол е уште подобро, но ако не постигнам, не е никаква штета. Повеќе сакам да победиме 5:0 и јас да немам ниту гол постигнато, отколку да победиме со 2:0, а јас сум ги постигнал двата голови.“

Челси со лесна победа против Лестер се зацврсти на првата позиција на табелата во ПЛ.