Руни го спаси Јунајтед од пораз против Стоук, втора победа во низа за Вест Хем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се одиграа уште пет натпревари од 22-то коло во ПЛ.

Борнмут и Вотфорд ремизираа, 2:2. Кабаселе во првото полувреме погоди за водство на Вотфорд. На почетокот на второто полувреме Кинг го израмни резултатот. Дини го врати водството на гостите, а конечните 2:2 ги постави Афобе.

Двата погодоци Енди Керол и едниот на Калери беа доволни за победата на Вест Хем против Мидлзбро, 1:3.

Манчестер Јунајтед на гости ремизираше против Стоук, 1:1. Хуан Мата во првото полувреме постигна автогол кој му донесе водство на домашните. Во финишот на натпреварот Вејн Руни погоди за израмнување и ги постави конечните 1:1.

ВБА за шест минути го реши Сандерленд на домашен терен. Флечер и Брунт погодија за победа на ВБА во првото полувреме, 2:0.

Евертон минимално славеше на гости кај Кристал Палас, 0:1. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Колман три минути пред крајот на натпреварот.