Милан на колена среде Милано – Инсиње и Каљехон донесоа победа на Наполи на Сан Сиро (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи го победија Милан на Сан Сиро со 1:2 во натпревар од 21-то коло во Серија А.

Само после шест минути Наполи стигна до водство во натпреварот. Лоренцо Инсиње ги израдува гостинските навивачи.

Три минути подоцна промена на резултатот. Каљехон го зголеми водството на Наполи.

Донарума фантастично одбрани по шутот на Мертенс. Во 37-ма минута Куцка погоди за 1:2.

На почетокот на второто полувреме Пашалиќ ја погоди стативата. Наполи успеа до крајот на натпреварот да го задржи водството и да ги освои сите три бода, 1:2.