Сензација на СП – Унгарија ја елиминира Данска, Шведска ја растури Белорусија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од 1/8 финалето на СП во Франција се одиграа уште два натпревари.

Унгарија изненадувачки ја победи Данска со 27:25.

Унгарците одлично го започнаа натпреварот. Данска до првото израмнување на натпреварот стигна во 20-та минута со погодокот на Хансен.

Габор во последната минута од првото полувреме му донесе водство на Унгарија на полувреме, 13:12.

 

Во второто полувреме ракометарите на Унгарија направија серија од четири погодоци за водство, 20:16. Двата погодоци во низа на Сван донесоа намалување на негативата на два погодоци, 22:20.

Дамгард и Сван го израмнија резултатот, 23:23 седум минути пред крајот на натпреварот. Со двата погодоци во низа на Балог и Габор пред крајот на натпреварот Унгарија победи на овој натпревар, 27:25 и се пласира во 1/4 финале на СП.

Мате Лекаи ја предводеше Унгарија со 6 погодоци. Кај Данска најефикасен натпреварот го заврши Микел Хансен со 8 погодоци.

 

Шведска ја декласира Белорусија со 22:41.

Швеѓаните доминираа во првото полувреме. Белорусија водство имаше само на почетокот и потоа беа потопени.

На полувреме Шведска имаше огромна предност од 13 погодоци, 11:24.

Во второто повторно доминација на шведските ракометари кои до крајот на натпреварот постигнаа 41 погодок, 22:41.

Шведска се пласира во 1/4 финале, a најефикасен на денешниот натпревар беше Џим Готфридсон со 8 погодоци. Кај Белорусија најефикасен натпреварот го заврши Артсем Каралек со 7 погодоци.