„Не мотивираат лошите резултати на Барселона и Севиља!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал, Зидан е задоволен по победата на Реал против Сосиедад со 3:0.

Сепак, тоа што е најважно за нив е фактот дека првите конкуренти Севиља и Барселона направија грешки, а дека тоа ги радува сите во Мадрид потврди и Зидан.

„Поразите на конкурентите не мотивираат и ни даваат сила. Ни ја олеснуваат сезоната и сега сме во одлична позиција. Знаеме дека ќе биде тешко до крајот и сега зависиме само од себе.“

Реал има 4 бодови повеќе од Барселона и Севиља, како и натпревар помалку против Валенсија.

Сепак, во наредното коло Зидан ќе има голема задача, затоа што гостуваат кај Селта која неодамна ги исфрли од купот.

Од друга страна Барселона го дочекува Билбао, а Севиља го дочекува Виљареал.