Секоја чест за Прилепчани – Победа плати некои од казните на „Мајмуни“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Победа застана во одбрана на своите навивачи и таа финансиски им помогна да си ги платат казните кои ги добија за инцидентите со Вардар.

„Мајмуни“ влезе во конфликт со полицијата, а 5 лица од нив добија казни од 3.000 евра. Треба да добијат уште 11 навивачи големи казни, а управата на клубот одлучи да им помогне.

Помошта не дојде само од управата, туку таа стигна и од фудбалерите за верните навивачи на Победа.

На официјалниот фејсбук профил на навивачката група стои следново:

„Голема благодарност до фудбалерите и стручниот штаб на ФК ПОБЕДА за искажаната солидарност и финансиска помош при подмирување на репресивно изречените глоби на нашите членови… ПОБЕДА ВЕЧНА!!!“