Одличен натпревар во Басконија – Реал Мадрид подобар од домаќинот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот во Евролигата помеѓу Басконија и Реал Мадрид, а подобар беше тимот од Мадрид.

Натпреварот започна со голема борба и израмнета игра.

За нијанса беше подобар тимот на Реал, кој во првата ¼-на победи со 16:15, а до крајот на првото полувреме ја зголеми својата разлика на 39:36.

Второто полувреме подобро го отвори тимот од Мадрид и како изминуваше времето ја зголемуваше својата предност. Во третата ¼-на беа подобри со 20:16 и до крајот со рутинска игра стигнаа до конечни 79:71.

Најдобар играч на натпреварот беше Родриге Боибојс со 20 постигнати поени од тимот на Басконија.

Во натпреварот кој се играше од 18:00 часот подобар беше тимот на Панатинаикос против Галатасарај со 84:79.