„Нов договор за Торес? Само нека продолжи вака да игра“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Диего Симеоне сеуште не знае каква е иднината на Торес во Атлетико, но се надева дека тој ќе продолжи со добрите игри до крајот на сезоната.

Торес има уште 6 месеци од договорот со клубот во кој ја почна кариерата и во кој се врати пред 3 години. Во победата против Леганес во саботата тој постигна 2 голови.

„Се зависи од клубот, од тренерот, а сите тие зависат од резултатите. Торес одигра фантастично и тоа можеше да се види, особено поради начинот на кој се бореше.“

„Без оглед на тоа што не игра често, тој и понатаму вредно тренира, а тоа е неговиот најголем квалитет.“

„Се надеваме дека така ќе продолжи.“