Рома ја наполни Фиорентина на Олимпико (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома победија на Олимпико против Фиорентина во натпревар од 23-то коло во Серија А.

Во 39-та минута Де Роси асистираше, а Џеко ја затресе мрежата на Фиорентина за водство на римската волчица.

Фазио со глава во второто полувреме на асистенција на Де Роси го зголеми водството на Рома.

Петнаесетина минути пред крајот Наинголан по трет пат го натера голманот на Фиорентина да ја вади топката од мрежата.

Конечните 4:0 ги постави Џеко кој ја искористи големата грешка на фудбалерите на Фиорентина.