Куп на Македонија – Извлечени четвртфиналните двојки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација во присуство на медиумите и претставниците на клубовите беше одржана ждрепка за извлекување на четвртфиналните двојки во Лимак КУП на Македонија 2017.

Карпош Соколи и Вардар ќе го отворат Купот со меѓусебен дуел закажан за во 13.00 часот. Во вториот термин, (15:30) ќе се пресметаат Фени Индустри и АВ Охрид. Трет натпревар на распоред (18.00) е дуелот помеѓу Работнички и Куманово додека во вечерниот термин (20.30) МЗТ Скопје, бранителот на титулата ќе се пресмета со Кожув.

В сабота во првиот полуфинален дуел ќе се пресметаат победниците од натпреварите помеѓу Работнички и Куманово односно Карпош Соколи и Вардар. Првиот полуфинален дуел ќе се одигра во 18.00 часот, два ипол часа подоцна во вториот полуфинален дуел победниците од натпреварите помеѓу МЗТ Скопје и Кожув односно Фени Индустри и Охрид ќе го одиграат вториот полуфинален дуел.