„Челси игра на контри и ќе ја освои титулата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо ја пофали низата на непобедливост на својата екипа. Тој додаде дека многу дефанзивната екипа на Челси ќе ја освои титулата.

Јунајтед во саботата го совлада Вотфорд дома со 2:0 и сега е во серија од 16 мечеви без пораз во ПЛ.

„Ни беше потребна победа. 16 мечеви без пораз е неверојатна серија, но ќе беше совршено со две или три нерешени резултати помалку. Беше ова тежок меч, баш сум среќен“, рече Мурињо и додаде:

„Челси е многу добар дефанзивен тим. Се бранат со исклучително многу играчи и ќе ја освојат титулата играјќи на контри“.