После Олимпија кошаркарска лекција од МЗТ доби Крка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје во СЦ Јане Сандански ја победија Крка со 89:65 во натпревар од 22-ро коло во АБА лигата.

Се играше кош за кош во првите четири минути игра. МЗТ направи серија од седум поени за водство од 16:12. Дреновац, Клоф и Лалиќ беа најзаслужни за водството од четири поени на македонскиот клуб. Лалиќ и Скот со четири поени во низа зголемија на шест поени предност, 22:16. Двојката на Скот и тројката на Клоф му донесоа водство на МЗТ од 9 поени, 27:18 една минута пред крајот на првата четвртина. До крајот кошаркарите на Крка постигнаа три поени во низа за 27:21 после десет минути игра.

МЗТ на почетокот на втората четвртина влезе во кризен период. Гостите го искористија тоа и стигнаа до израмнување, 29:29. Скот и Дреновац постигнаа четири коша во низа за 33:29. Ксавиер Темс постигна две слободни фрлања и двојка за зголемување на водството на шест поени, 39:33. Седумте поени на гостите од Словенија во серија му донесоа водство по подолг период, 39:40. Дреновац во нападот на МЗТ го врати водството, 41:40 со кои и се замина на полувреме.

Почетокот на третата четвртина донесе водство на Крка, 45:47. Лалиќ и Скот постигнаа четири коша во серија за 52:49. МЗТ направи серија од 9 поени. Скот (2), Дреновац (2), Ван Острум (5) му донесоа двоцифрено водство на МЗТ, 51:40. Во последните десет минути од натпреварот кошаркарите на МЗТ Скопје влегоа со двоцифрена предност, 63:53.

Кошаркарите на МЗТ и Крка го започнаа последниот дел од натпреварот кош за кош. МЗТ направи голема серија од 11 коша. Ван Острум, Скот, Темс, Симоновски и Клоф му донесоа на македонскиот клуб водство од 20 поени три минути пред крајот на натпреварот, 80:60. МЗТ на крајот победи со 89:65.

Џош Скот со 24 поени го предводеше МЗТ Скопје. Ксавиер Темс додаде 16, Ѓорѓе Дреновац 14, Шарлон Клоф 13, Јуре Лалиќ 9, Девон Ван Острум 7 и Марко Симоновски 6 поени. Кај Крка најмногу се истакна Луковиќ со 16 поени.

Осма победа за МЗТ Скопје оваа сезона во АБА лигата, трета по ред.