Вардар се коцкаше во Германија и го победи Турингер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарките на Вардар го победија Турингер во Германија во натпревар од ЛШ, 29:31.

Вардарки го почнаа фуриозно натпреварот и го газеа противникот. Водство од 0:5 на македонскиот клуб. Со трите погодоци во низа на Вардарки стигнаа до водство од 6:12.

Вардар имаше и водство од седум погодоци, 9:16. Пред крајот на првото полувреме ракометарките на Турингер постигна два погодоци во низа и намали на пет негатива, 13:18.

Домашните подобро го започнаа второто полувреме, три погодоци во низа за 17:20. Следуваше нова серија на германскиот клуб, овој пат од два погодоци за намалување на два негатива, 19:21. Вардарки беа во кризен период со Дамњановиќ, Хмирова и Лакрабер на бековските позиции. Дејвис повика тајм-аут и ги врати Лекиќ, Лазовиќ и Лазовиќ, но и тие по влегувањето на терен не играа како што треба. Турингер успеа да го израмни резултатот, 23:23.

Кога беше израмнет резултатот, Вардарки постигнаа два погодоци во низа за 23:25. Девет минути пред крајот на натпреварот домашните стигнаа до првото водство на натпреварот, 27:26.

Вардарки една минута пред крајот имаа водство од 29:30. На крајот македонскиот клуб победи со 29:31

Андреа Пенезиќ го предводеше Вардар со 10 погодоци. Андреа Лекиќ постигна 8, Ања Алтхаус 5, Камила Херем 4, Барбара Лазовиќ 2, Татјана Хмирова, Тамара Мавсар и по 1 погодок. Нидервисер и Агилар со по 5 погодоци најмногу се истакнаа кај Турингер.