Свонси подобар од актуелниот шампион, Лестер сеуште без погодок во 2017 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Лестер доживееја денеска нов пораз и тоа на гостувањето кај Свонси со 2:0 во рамките на 25 коло од Премиер лигата.

Иако се уште актуелни шампиони, фудбалерите на Лестер се поблиску до испаѓање од лигата на крајот на сезоната.

Денеска доживееја пораз од директниот конкурент во борбата за опстанок, екипата на Свонси.

Натпреварот се играше поголем дел на средината на теренот и без сериозни шанси се до 36 минута кога Свонси поведе со погодокот  на Мејсон.

Во судиското продолжение од првиот дел домаќините постигнаа нов гол, а стрелец овој бат беше Мартин Олсон.

Лестер во продолжението на мечот направи се со цел да избегне нов, петти пораз по ред во Премиер лигата, но сепак не успеа.

Тие сега се наоѓаат на 17 место со 21 освоени бодови и имаат само бод  повеќе од опасната зона.

Од друга страна, Свонси сега е две места пред нив со три бода повеќе.