Повторно дебакл на Карпош Соколи – Црвена Звезда го прегази македонскиот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи загубија од Црвена Звезда во натпревар од 23-то коло во АБА лигата, 61:98.

Соколите го започнаа одлично натпреварот. Мавра и Трајковски погодија за три и Лабовиќ за два за осум поени предност, 10:2. После пет минути игра Карпош Соколи имаше двоцифрено водство, 18:8 за кое најзаслужен беше Лабовиќ кој погоди тројка. Тренерот на Звезда побара тајм-аут, а после него гостите се разиграа и со серија од седум поени намалија на 18:15. Соколов и Трајковски зголемија на 22:15. Звезда преку Митровиќ повторно намали на три негатива, 22:19. Една минута пред крајот на првата четвртина Звезда стигна до израмнување, 23:23. До крајот Пери погоди едно од две слободни фрлања за 24:23 после десет минути игра.

Симоновиќ и Џенкинс му го донесоа првото водство на Звезда на натпреварот, 24:27. Гостите потоа стигнаа и до четири поени предност, 27:31. Четири поени во низа на Томпсон и двата на Симоновиќ ја зголемија предноста на 8 поени, 29:37. Кошаркарите на Звезда направија серија од шест поени за прво двоцифрено водство на натпреварот, 32:43. Црвена Звезда после дваесет минути игра имаше водство од 12 поени, 37:49.

Доминацијата на кошаркарите на Црвена Звезда во третата четвртина. Серија од шест поени му донесе водство од 42:58. Пред крајот на третата четвртина Симоновиќ погоди две слободни фрлања, а Томпсон и Џенкинс за 2 поени за 49:70 пред последните десет минути од натпреварот.

Гостите во третата четвртина одиграа рутинирано. Пет минути пред крајот на натпреварот Ракичевиќ погоди тројка, а Добриќ за два за 59:81. После овој резултат тренерот на Карпош Соколи, Драган Николиќ побара тајм-аут. Соколите не заиграа подобро, Мавра го промаши целиот кош, а Гудуриќ на другата страна погоди за два и дополнително слободно фрлање кое го реализира за 59:84. Серијата на гостите ја прекина Зековиќ со погодено едно слободно фрлање. Шиманиќ и Добриќ погодија две тројки за водство од 33 поени на Црвена Звезда, 60:93. Драган Николиќ после таа голема негатива побара тајм-аут. Добриќ со двата и Гудуриќ со трите поени ги поставија конечните 61:98.

Митровиќ со 15 поени ја предводеше Звезда до победа. Кузмиќ, Томпсон, Добриќ, Џенкинс, Гудуриќ, Симоновиќ беа останатите кои го завршија натпреварот двоцифрено во тимот на Црвена Звезда. Лабовиќ со 20 поени најмногу се истакна кај Карпош Соколи. Трајковски постигна 18, Пери 8, Мавра 5, Зековиќ и Сепа по 4, а Соколов 2 поени.

Денес Карпош Соколи го запиша четиринаесетиот пораз во АБА лигата оваа сезона.