Шок за О`Саливан и елиминација во второто коло!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рони О`Саливан беше поразен неочекувано во второто коло на турнирот во Велс.

Најдобриот снукер играч на сите времиња испадна на стартот на турнирот.

Него го победи сонародникот Марк Дејвис со 4:3.

Бранителот на титулата пропушти водство од 3:0 против Дејвис и премногу рано се прости од турнирот.

Марк Селби беше подобар со 4:2 од Мајк Дан додека 15-годишниот Џејксон Пејџ го победи Астли со 4:3.

Откако Рони испадна, сега Селби е главен фаворит, а тука се уште и Хокинс, Хигинс Трамп, Динг, Бигам, а Фу беше поразен од Муир.