„Јувентус беше вистински избор за мене!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус во летниот преоден рок донесе неколку засилувања во намера да ја освои титулата во ЛШ.

Секако, најголемо засилување на тимот на Јувентус беше Игуаин кој за 94 милиони евра стигна од Наполи.

Тој покажа дека е одлично засилување и во моментов има постигнато 19 голови во Серија А.

„Играњето со најдобрите играчи во лигата ве подобрува, а тоа е логично. Без оглед на тоа колку добри може да бидете, тие ве прават уште подобар. Не чувствувам никаков притисок, туку знам дека е привилегија што вложија многу пари во мене. Дојдов овде да освојувам трофеи.“

„Секако дека може да ја освоиме ЛШ, но мора да одиме чекор по чекор. Порто е првата пречка, но ако играме како што знаеме, тогаш нема да има проблеми. Трофејот во ЛШ е сон за сите нас.“