Кеси откри во кој клуб сонува да игра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Аталанта во оваа сезона се најпозитивно изненадување во Серија А бидејќи со своите игри воодушевуваат во Италија.

Еден од најдобрите играчи на Аталанта во оваа сезона е Франк Кеси кој се наоѓа на мета на многу еврооски гиганти.

Кеси во јануари беше на мета на Рома и Челси, но на крајот се одлучи да остане во Аталанта, барем до крајот на оваа сезона.

Челси за овој играч нудеше околу 30 милиони евра што Аталанта би ја прифатила одма.

Сепак, Кеси на изненадување на многумина се одлучи да ја одбие понудата, а конечно објасни и зошто тоа го направи.

„Играв на Африканскиот куп на нациите и не слушнав за понудата од Рома. Челси е друга приказна, но не сакам да зборувам за тоа. Мојот сон е да играм во Премиер лигата и тоа во Манчестер Јунајтед. Челси е ок, но Манчестер Јунајтед е мој сон“, рече Кеси.

Кеси во досегашниот дел од сезоната во Серија А одигра 20 натпревари и постигна шест гола. Во Купот на Италија настапи еднаш и успеа да се запише во листата на стрелци.