Вајт го откри името на ривалот на МекГрегор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на најголемата ММА организација УФЦ, Ден Вајт го објави името на наредниот противник за МекГрегор.

Шампионот во лесна категорија во лето повторно ќе се бори, но не против Мејведер, туку ќе има жестока битка за одбрана на титулата.

„Не верувам дека ќе има нешто од натпреварот со Мејведер. Се очекува наредниот негов натпревар да биде во УФЦ и тој ќе ја брани титулата против победникот од натпреварот помеѓу Нурмагомедов и Феругсон.“

МекГрегор и Мејведер веќе долго време се провоцираат во медиумите, а двајцата се подотвени да влезат да се борат во мултимилионски натпревар, сепак до договор не стигнаа и таа борба тешко дека ќе се оддржи.