Војдан Стојановски двоцифрен во поразот на Бетис од Мурчија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Мурчија на домашен паркет го победија Реал Бетис со 92:80 во натпревар од 22-ро коло во АЦБ лигата.

Гостите на почетокот на натпреварот направија серија 0:3. Бетис со осум поени во серија зголемија на 7:14. Кошаркарите на Мурчија пред крајот на првата четвртина постигнаа шест поени во низа за израмнување, 17:17 после десет минути игра.

Во втората четвртина доминација на кошаркарите на Мурчија. Домашните стигнаа до двоцифрена предност на натпреварот, 38:25. Со серија од четири поени зголемија на 15 поени предност, 43:28. На полувреме Мурчија замина со предност од 14 поени, 45:31.

Мурчија и во третата четвртина доминираше на теренот. Предноста постојано се зголемуваше, неколку пати стигна до 27 поени, 72:45. Гостите до крајот на третата четвртина намалија само до 25 негатива, 76:51.

На почетокот на последниот дел од натпреварот Мурчија имаше водство од 30 поени, 81:51. Кошаркарите на Бетис се разиграа до крајот на натпреварот, а најмногу што направија беше тоа што стигнаа до 12 поени негатива, 92:80 со кои и заврши натпреварот.

Радовиќ ја предводеше Мурчија со 22 поени. Кај Бетис најефикасен беше Локет со 20 поени. Македонскиот кошаркар во тимот на Реал Бетис, Војдан Стојановски натпреварот го заврши со 14 поени.