„Сигурен сум дека Раниери брзо ќе најде работа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот стручнак на клупата на Манчестер Сити Пеп Гвардиола смета дека поранешниот тренер на Лестер Сити, Клаудио Раниери, многу брзо ќе најде нова работа.

Лестер во оваа сезона го отпушти Раниери, иако Италијанецот им донесе титула во минатата сезона и тоа прва во историјата.

Гвардиола е импресиониран од партијата на оваа екипа од мечот против Ливерпул и порачува дека тоа е наследство од Раниери.

„Начинот на кој одиграа против Ливерпул беше одличен и тоа е токму она што го остави Раниери.

Значи, и после 50 години луѓето ќе зборуваат за тоа што Раниери со оваа екипа направи во минатата сезона. Мислам дека Раниери многу брзо ќе најде работа. Сигурен сум во тоа. Ќе добие работа и ќе му оди многу добро“, рече Гвардиола.

Да потсетиме дека Лестер наредниот меч го игра во сабота против Хал Сити.