Јуве без двајца стандардни против Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус ќе игра дерби меч против Милан во петок, а во составот нема да бидат двајца играчи од кои многу зависи играта на овој тим.

Хуан Квадрадо и Џорџо Киелини се играчите кои утре нема да играат против Милан во дербито на колото во Серија А.

Колумбискиот интернационалец е суспендиран и него треба да го замени Марко Пјаца, додека Киелини не се опорави во целост од повредата.

Киелини има проблеми со мускулите, а се напоменува дека на списокот на играчи за мечот со Милан нема да биде ни Стураро кој веќе долг временски период е повреден.

Се игра на стадионот на Јувентус утре од 20:45.