Средниот прст на Матје за парижаните – Не сакав, но сите нас не провоцираа, дури и госпоѓа Маркињос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потегот на дефанзивецот на Барселона после натпреварот подигна голема прашина во француските и шпанските медиуми.

Блескаа фудбалерите на ПСЖ после демолирањето на ПСЖ во 1/8 финалето во ЛШ, а сликата од соблекувалната на каталонскиот гигант го заобиколи светот. Еуфорија и радост на сите страни, а кога е така знае да се претера.

Таков беше случај со дефанзивец Жереми Матје. Тој на сликата која ја објави Хавиер Маскерано на Инстаграм позираше во високо подигнат среден прст.

Брзо се извини поради тоа.

„Направивме неколку фотографии, Нејмар сакаше некоја од нив да му ја испрати на Рабио и Курзава. Се разбира дека го почитувам ПСЖ. Знаете, беше лудница во тие моменти. Маскерано направи грешка што ја објави таа фотографија“, изјави Матје.

„Имаат многу млади фудбалери на кои им недостасува уште малку скромност. Се игра два пати по 90 минути. После 4:0 можете да бидете среќни и тоа да го покажете, но не би требало да не покажете респект кон противникот. Некои мои соиграчи беа бесни. Дури и сопругата на Маркињос не провоцираше. Тоа му сметаше на нашата соблекувална“, заклучи Матје.