Исинбаева и понатаму на чело на руската анти-допинг агенција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешната руска атлетичарка Елена Исинбаева беше избрана повторно за шеф на руската антидопинг агенција.

Поранешната атлетичарка изјави дека по реизборот ќе се превземат мерки за подобрување на атлетичарите.

„Ќе разгледуваме се и ќе контролираме се. Имаме само еден обид… да го исчистиме нашиот спорт од некои лоши работи.“

Руската атлетичарка беше дел од тимот на кој му беше забрането учество на ОИ во Рио минатата година поради обвинение од Светската антидопинг агенција за државниот системски допинг.

Исинбаева се жалеше на одлуката на Меѓународната атлетска федерација за суспензијата, но сепак не се натпреваруваше во Рио.