Дибала кон Милан: Кукате веќе шест години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот го одлучи дербито со пенал во 97 минута, а имаше и порака за гостите кои се огорчени на судијата.

Пеналот е проблематичен, топката Ванџони го погоди во раката, но малку кој би се осудил да свири пенал во последните секунди.

„Баш ме интересира што ќе речат за пеналот кој е направен во првото полувреме кога ме удри Запата, а не е свирен“, рече Ла Хоја.

Што се однесува на впечатокот за тој пенал, а вели дека се навикна на обвиненијата.

„Тоа е така, нас во Удине не ни свирнаа два пенали во минатата недела, тоа сите го констатираа, дали се буневме? Дали рековме нешто“? Се запраша Дибала.

„Кукаат веќе шест години, можеби да ја променат тактиката“, на крајот заклучи помалку изнервирано фудбалерот на Јувентус кој на навивачите порача дека псоле репрезентативната пауза ќе го продолжи договорот.