„Казнети сме за грешките!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона доживеа шок. Поразот од Депортиво ги намали шансите за титулата во Ла Лига, а против Ла Коруња на нив ништо не им успеваше.

На крајот беа поразени со 2:1, а тренерот на Барселона, Енрике изјави дека очекувал дека Депортиво ќе одигра ваков натпревар.

„Штета што изгубивме, затоа што знаевме што не очекува. Едноставно, тешко доаѓавме до шанса за гол. Казнети бевме за грешките.“

„Нема лесни натпревари до крајот. Ние сме принудени да играме во секој натпревар максимално затоа што сакаме да ги освоиме сите трофеи. Не сакаме да бидеме песимисти.“