Сан Антонио ја победи Атланта – Минесота подобра од Вашингтон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата ноќ во НБА лигата се одиграа неколку натпревари.

Сан Антонио како домаќин ја победи Атланта со 107:99. Беше ова 11-та победа во последните 12 натпревари, со што го израмнија рекордот на Голден Стејт на врвот на Западот со резултат од 52 победи и 14 порази. Најдобар во тимот беше Леонард со 31 поен додека кај гостите Шродер постигна 22 поени.

Минесота на домашен терен го победи Вашингтон со 119:104. 3-та победа во последните 4 натпревари и така се вклучи во трка за плеј-оф. Одлична игра имаше Рубио кој постигна 22 поени и 19 асистенции. Само Таунс беше подобар од него и постигна 39 поени и 13 скокови.

Останати натпревари:

Шарлот – Чикаго 109:115
Торонто – Далас 100:78
Мемфис – Милвоки 113:93
Јута – Клиперс 114:108
Сакраменто – Орландо 120:115
Денвер – Лејкерс 129:101