Популарноста не му удира во глава – Канте вози ефтин автомобил!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Н`Голо канте во оваа сезона во дресот на Челси покажува зошто го сметаат за еден од најдобрите играчи во светот.

Одличниот играч се појави од никаде. Минатата сезона на свој грб го однесе Лестер до титулата, а летово направи голем трансфер во Челси.

Продолжи тој со одличните игри, но и покрај тоа што е богат и популарен, тој вози Мини Купер, автомобил кој за врвните фудбалери припаѓа во ефтините автомобили.

Скоро и да не може да се забележи дека има пари и остана цврсто на земја.