Најлош пласман на Гвардиола во Лигата на шампионите било кога!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити испадна од елитното натпреварување, а тоа е прв пат за Шпанецот со својата екипа да испадне така рано.

Монако славеше на својот стадион со 3:1 и така избори пласман во наредната фаза од натпреварувањето, повеќе за дуелот ТУКА.

Одлично избраниците на Жардин го одиграа речиси цел меч, лошо го стартуваа второто полувреме, што резултатираше со гол за гостите, но се чини дека одма после погодокот на Сане тргнаа, и до крајот го контролираа мечот и дојдоа до уште еден, неопходен гол.

Гвардиола така по прв пат во својата тренерска кариера испадна од ЛШ во 1/8 финалето, бидејќи досега секогаш беше успешен, водејќи ги Барселона и Баерн, совладувајќи ги тие пречки.

Се чини дека нема по добро да ја памети својата прва сезонз во англискиот фудбал, а ова е доказ и дека во наредното лето не очекуваат големи промени на Итихад.