Обамејанг донесе минимална победа на Дортмунд против Инголштадт (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Борусија Дортмунд на Сигнал Идуна Парк го победија Инголштадт во натпревар од 25-то коло во Бундеслигата, 1:0.

После четиринаесет минути игра Обамејанг му донесе водство на милионерите. Бурки го одбрани ударот на Матип кој шутираше со глава.


Pierre-Emerick Aubameyang Goal HD – Borussia… by jaredpeele

Дурм пропушти огромна шанса за зголемување на водството, а до крајот на првото полувреме гостите преку Кител имаа шанса за погодок, но Бурки го запре неговиот удар.

Во второто полувреме од натпреварот мируваа мрежите, па домашните им се радуваа на новата победа.

Борусија Дортмунд после денешната победа ќе остане на третата позиција со три бода помалку од второпласираниот Лајпциг кој има натпревар помалку, а четири повеќе од Хофенхајм кој е четврт и има еден натпревар помалку од нив.