Баерн Минхен ослабен оди на гости кај Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот шампион Баерн Минхен има една од најлошите сезони во последните години затоа што речиси ја загуби битката за титулата во Бундеслигата, а има и големи проблеми пред средбата со Арсенал во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот Томас Тухел дозна дека не може да смета на дел од првотимците за мечот против Арсенал, а тоа се Лирој Сане, Кингсли Коман, Александар Павловиќ и Нусаир Мазрауи.

Коман се врати на дербито против Борусија Дортмунд, но очигледно не е подготвен за следниот дуел.