Пеколен распоред за Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе се соочуваат со пеколен распоред до крајот на оваа сезона.

Тренерот на овој клуб Жозе Мурињо веќе во неколку пати се жалеше дека неговата екипа игра премногу често натпревари, а кога ќе го види распоредот до крајот на сезоната, сигурно нема да му биде мило.

Екипата од Олд Трафорд веќе одигра 47 мечеви во оваа сезона сметајќи ја и победата против Ростов во реванш мечот од осмина финалето на ЛЕ.

Тие, значи, се сеуште активни во ова натпреварување, а во четвртфиналето ќе играат против белгиски Андерлехт.

Веќе го освоија Карлинг Купот со победа против Саутемптон во финалето, а пред неколку дена се елиминирани од ФА Куп после поразот од Челси на Стенфорд Бриџ стадионот со 1:0.

До крајот на сезоната ги учекува најмалку уште 14 мечеви што може да порасне и до 17 доколку дојде до финале на Европа лигата.

Доколку и тоа се случи, Црвените ѓаволи, после паузата за репрезентативни мечеви, од 1 април ќе одигра дури 16 мечеви во 54 денови што значи дека во просек ќе играат на секои 3.38 денови.

Да потсетиме, Јунајтед моментално е на 6 место од Премиер лигата со 49 бодови, односно шест бода помалку од Ливерпул кој се наоѓа на место кое води во ЛШ во наредната сезона.

Рака на срце, Црвените ѓаволи имаат и два меча помалку.

Освен Ливерпул, заостануваат и еден бод зад Арсенал кој се наоѓа на 5 место и имаат ист број на мечеви како Манчестер Јунајтед.

Избраниците на Жозе Мурињо веројатно шанса за наредната сезона да играат во ЛШ ќе бараат да ја освојат Европската лига.