„Ќе остане Венгер во Арсенал барем уште 5 години!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на ВБА, Тони Пјулис не се согласува со тврдењата дека Венгер ќе замине од Арсенал.

Пред натпреварот тој даде изјава за медиумите.

„Единствен начин на кој Венгер сака да замине од Арсенал е најверојатно да го изнесат во кутија.“

„Мислам дека луѓето во клубот му ја дадоа нивната доверба. Тој ќе влезе во историјата како најголем тренер на Арсенал, па на основа на тоа ќе биде во клубот уште 5 или 6 години.“

„Тој е голем тренер. Венгер и понатаму тренира една од најдобрите екипи во Европа, па би можеле да завршат во топ 4 и да го освојат ФА купот.“