„Вака му враќаат после се!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јунајтед вчера го победи Миделсброу со 3:1 во средбата од 29-то коло во ПЛ.

Миделсброу во натпреварот влезе без Каранка, тој доби отказ поради лошите резултати, па Мурињо ја посвети на него оваа победа.

„Победата му ја посветувам на Каранка кој го водеше добро овој тим. Луѓето не може да сфатат колку добра работа извршуваме во тимот. Јас добив отказ во Челси, луѓето ме сакаат, но никој не може да отиде таму и да го повтори тоа што го направив јас.“

„Аитор дојде овде кога на стадионот доаѓаа најмногу 10.000 луѓе и кога клубот беше на работ на катастрофа. Имаше подобри понуди, но одлучи да остане поради навивачите и сопственикот, а на крајот го доживеа ова.“

Миделсброу ќе се бори до крајот за опстанок додека Јунајтед се бори за позиција во ЛШ.