Македонија ја запиша првата победа, Несто-гол два пати стрелаше, деби гол за Николов


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нашата најдобра репрезентација ја запиша првата победа во квалификациите за СП во 2018 година во Русија со победата против Лихтенштајн.

Нашите репрезентативци не дозволуваа на противникот да создаде шанса во првото полувреме, но и тешко создававме шанса.

Во 43 минута еден центаршут на Тричковски, убав гол постигна Бобан Николов.

Тоа беше негов деби гол за сениорската репрезентацијата.

Во второто полувреме целосна контрола на нашата репрезентација.

На 2:0 за нашата репрезентација зголеми Несторовски после една уфрлена топка од Пандев и со глава рутинирано ја внесе во мрежата на голот на домаќините.

На 3:0 зголеми истиот играч, пет минути подоцна во 73 минута.

Во 90 минута Несторвски промаши пенал.