Интер сака да го купи Сан Сиро?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познато е дека градските ривали Интер и Милан го делат „Сан Сиро“, но се појавија шпекулации дека Интер сака да го купи стадионот.

Проблем претставува тоа што Милан го има закупено стадионот до 2030 година.

Да потсетиме, Милан планираше да се исели од „Сан Сиро“ и да изгради свој стадион, но Берлускони на крајот се откажа од тој проект.

Моментално планот е двете страни да продолжат да го делат стадионот, но двете страни да вложат во инфраструктурата на стадионот.

Претседателот на „Санинг“ групата и сопственик на Интер, во својата прва средба со граданочалникот на Милано се распраша во врска со продажбата.

Меѓутоа, сопственикот на Интер дознал дека постои договор за закуп на стадионот со Милан до 2030-та година.