Дурант се врати на паркетот, Голден Стејт беше убедлив!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Голден Стејт убедливо го победија Њу Орлеанс на домашен терен со 123:101.

Ѕвездата на тимот, Кевин Дурант се врати на теренот по повредата на коленото која ја доби во март. Натпреварот го заврши со дабл-дабл, односно 16 поени и 10 скокови и 6 асистенции за 31 минута во игра.

Кај Голден Стејт најдобар беше Томпсон со 20 поени. Кларк постигна 17 додека Кари не настапи денес поради проблемот со коленото, а негово враќање се очекува во наредниот натпревар против Јута.