„Нема да играм за друг клуб во Англија“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајкл Керик изјави дека нема намера да игра за друг клуб од родниот град Њукасл или пак од Англија.

Керик е во Манчестер Јунајтед од 2006 и оваа година му истекува договорот но има гласини дека ќе го продолжи на уште една година.

Меѓутоа, Керик попрво би заминал во пензија отколку да игра за друг ривал од Англија.

„Кога бев дете навивав за Њукасл и сонував дека еден ден ќе играм таму, но многу сум среќен и со тоа што играв за Јунајтед. Тоа е само една од работите кои неможете да ги имате во животот толку долго. Ако завршам со Јунајтед мислам дека тоа ќе биде тоа“ – вели Керик

„Бев долго овде и уживав. Нема да играм за друг англиски клуб, тоа е сигурно“