„Не личевме на себе, должиме извинување!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Волкот се сложи со мислењето на јавноста дека Арсенал не личел на себе во натпреварот со Кристал Палас.

Арсенал во натпреварот од 32-то коло во ПЛ беше поразен со 3:0, а по натпреварот навивачите покажаа незадоволство. Волкот изјави дека тој и неговите соиграчи должат извинување.

„Тоа не беше Арсенал. Не личевме на себе. Кристал Палас од самиот почеток до самиот крај ја сакаше победата и тоа се виде. По срамот ни останува само да се извиниме на навивачите.“

Проследниот пораз на Арсенал ја отежна дополнително борбата за пласман помеѓу најдобрите 4 и пласман во ЛШ.