Распоред на Примера – Познато кога се игра Ел Класико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес беше одреден распоредот на Примера за сезоната 2016/2017.

Терминот на Ел Класико е секогаш во центарот на вниманието, а овој пат Барса и Реал ќе одиграа меѓусебе нешто подоцна.

Барселона ќе игра против Реал на 3-ти или 4-ти декември , а Мадриѓани ќе бидат домаќини во вториот дел од сезоната на пет кола пред крајот, 23-ти април.

Барселона против Атлетико Мадрид прво ќе игра на домашен терен на 21-ви септеммври во петото коло, а на Висенте Калдерон ќе гостува на 26-ти февруари.

Големото мадридско дерби помеѓу Реал и Атлетико е на 20-ти ноември каде домаќин ќе биде клубот од Висенте Калдерон, а на Сантијаго Бернабе ќе се игра на 9-ти април.

Во првото коло, на 21-ви и 22-ри август, Барселона игра на Камп Ноу против Бетис, а Реал Мадрид има тешка работа на гостувањето во Баскија кај Реал Сосиедад. Атлетико во првото игра против новиот прволигаш, Алавеш.