Мареј ќе игра во Монте Карло!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на мастерсот во Монте Карло, Жељко Франуловиќ изјави дека Енди Мареј ќе настапува.

Првиот тенисер на светот, го пропушти турнирот во Мајами поради повреда на лактот, но според Франуловиќ ќе игра во Монте Карло.

Федерер, Нишикори, Киригос, Монфилс, Гаскет и Раониќ да потсетиме дека го откажаа своето учество на турнирот во Монте Карло.

„Многу сум среќен за резултатите на Федерер оваа сезона но и тажен бидејќи нема да игра. Но ние ги имаме Мареј, Ѓоковиќ и Вавринка на турнирот оваа година, како и Надал. Многу сме среќни поради учеството на овие одлични тенисери“ – вели Франуловиќ

Мастерсот во Монте Карло е на програмата од 16ти до 23ти април.