Ѓорческа подобра од шестата носителка на турнирот во Копер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во осминафинале на турнирот во Копер, Словенија, откако славеше со 6-4 и 6-1 против Анка Алексија Тодони.

Шестата носителка на турнирот беше фаворит пред мечот против Ѓорческа, но Македонката одигра одлично на теренот и во два сета ја декласира нејзината противничка.

Ѓорческа во следното коло ќе игра против Дебора Кјеза со која се познаваат многу добро затоа што во изминатите години одиграа четири меча, а резултатот е 2-2.