Мареј се откажа од операција и се врати на тренинг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот најдобар тенисер во светот, Енди Мареј заработи повреда на турнирот во Мајами по што требаше да оди на операција, но Британецот ги променил плановите.

Британскиот тенисер ги скина лигаментите на левиот скочен зглоб за време на турнирот во Мајами, но кажа дека ќе тргне на рехабилитација без да оди на операција.

Мареј со тоа сака да избегне подолга пауза, затоа што планира да настапи на Олимписките игри во Париз, по што би заминал во пензија.