„Гризман нема потреба да го напушти Атлетико“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фернандо Торес смета дека Гризман треба да го одбие интересот на Јунајтед и да остане во Атлетико.

Гризман ова лето би можел многу лесно да замине од Атлетико, а како наредна дестинација се споменува Јунајтед.

Наводно Гризман е желба на Мурињо, кој е подготвен да плати 86 милиони фунти за 26-годишниот играч.

За него се заинтересирани уште и Реал, Барселона, Сити и Челси.

„Се надевам дека ќе остане со нас засекогаш. Кога младите играчи ќе станат едни од најдобрите во светот, тогаш сите сакаат да ги донесат.“

„Тој има 26 години и тоа е добро време да ја развие својата игра и да одлучи дали ќе биде добар или врвен играч.“