„Иско докажа дека е играч за Реал!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан изјави дека Иско со одличната игра покажал дека е играч за Реал.

Реал во саботата го победи Спортинг со 3:2. Најзаслужен за победата беше Иско со 2 постигнати голови.

„Тој одигра одличен натпревар. Задоволен сум со неговата игра, направи разлика на теренот, неговите голови ни донесоа три бодови.“

„Тој е одличен играч и докажа дека Реал е клубот каде што припаѓа. Покажа дека е голем играч. Ако бев неправеден кон него, тогаш бев неправеден кон тие што не играат. Ние сме тим од 24 играчи и секој од нив може да игра надвор од Реал.“

„Во фудбалот не постои среќа, само вредна работа, труд во секој натпревар, во секој момент, за секоја топка. Мораме сами да ја предизвикаме својата среќа.“