„Последните шутеви се мои!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Индијана изјави по првиот натпревар против Кливленд дека последниот шут требало да го има тој, затоа што тие се негови шутеви.

Индијана беше поразена со 109:108 од Кливленд во првиот натпревар.

„Зборував со нив за тоа. Во такви ситуации јас би требало да шутирам.“

Вистина е дека топката прво стигна кај Џорџ во последниот напад, но тој беше чуван од 2 играчи и мораше да додава.

Мајлс по натпреварот изјави дека шутот делувал како најдобра опција, со оглед на тоа дека времето истекувало.

„Како тим сакаме во такви ситуации топката да дојде до Пол. Но времето истекуваше. Во тој момент шутот ми изгледаше како најдобра опција.“