Милан има нов спортски директор – Поранешниот директор на скаутите на Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Важна работа доверена на Масимо Мирабели.

Новата ера на Милан почна. Огромните планови за делување на трансфер пазарот се спремни, а на тој пат главна улога би требало да има Масимо Мирабели, новиот спортски директор на росонерите.

Првиот голем потег на новиот претседател на Милан, Ли Јонгхонг е поставувањето на поранешниот шеф на скаутите на Интер за спортски директор.

Мирабели после кратката епизода како маркетингшки консултант во Тернана стана скаут во Интер. На крајот на сезоната 2012/13 замина во Сандерленд, но брзо се врати кај нероазурите каде стана шеф на скаутите.

Првата задача ќе му биде на лето да го доведе Сеск Фабрегас од Челси.